Ковид19 Свет Топ вести

Босна денеска доби вакцини, Македонија во неизвесност

24.300 дози вакцини од Фајзер преку програмата Ковакс денеска пристигнаа во Сараево. Албанија веќе прими 38.400 вакцини, Македонија се уште чека. Нашата држава не беше ниту спомната од еврокомесарот Вархеји, кој вчера најави дека, во Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора од денеска ќе почнат да стигнуваат вакцини преку овој механизам. Со измените на регулативата на ЕУ за одобрение за извоз на вакцините наменети за трети земји, се доведоа во прашање и тие 20 илјади вакцини од Фајзер, кои се најавуваа дека ќе пристигнат до крајот на март. Но, од делегацијата на Европската комисија смируваат. Тврдат дека, испораките ќе продолжат, а ковакс системот не е доведен во прашање со новата европска регулатива.

Испораките според механизмот COVAX остануваат изземени од шемата за одобрение за извоз. ЕУ ќе продолжи да обезбедува испорака на вакцини преку COVAX во земји како што е Северна Македонија. ЕУ исто така внимава на однапред купените договори (АПА) договорени од трети земји и ќе се обиде да обезбеди исполнување на очекувањата на овие земји да ги добијат нивните испораки, во согласност со критериумите утврдени во новата регулатива, соопштуваат од Европска служба за надворешно дејствување, ЕЕАС-Скопје.

Од делегацијата објаснуваат дека не се работи за забрана за извоз, туку за уверување дека Европа ќе го добие соодветниот удел на вакцини и ќе ги покани другите земји произведувачи на вакцини да се отворат за извоз.

Пред една недела и КОВАКС ги демантираше шпекулациите дека Македонија нема да добие вакцини од нив како што е најавено, потенцирајќи дека земјата е на списокот за првата половина на април, а не за идната недела. Но, Меѓународната алијанса за вакцини – Гави, денеска соопшти дека испораката до најсиромашните земји преку овој систем ќе доцни, затоа што Индија не дава дозвола за извоз на препарати од таа земја, каде е зголемена домашната побарувачка за вакцини.

Идната недела во Скопје пристигнува и кинеска делегација од 19 лица, во придружба на кинескиот министер за одбрана. Но, со него нема да донесе и вакцини. Очекувањата се дека  барем ќе донесе надеж и најава кога би можеле да пристигнат и вакцини од Кина, за конечно да почне масовна имунизација на населението.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе