Србија ги заострува правилата за влез во државата. Кризниот штаб донесе одлука според која од денеска непречен влез во Србија без разлика дали станува за нивни државјани и странци ќе имаат само вакцинираните додека останатите мора да приложат негативен ПЦР тест.
За сите лица од Србија или странство кои ги примиле двете дози од „Спутник“, „Фајзер“ или „Синофарм“или пварата од „Астра Зенека„ рампите на граничните премини се подигнати, за останатите задолжителен двонеделнен карантин.
Кризниот штаб ги продолжи рестриктивните мерки а тоа значи дека угостителските објекти и трговските центри во Србија остануваат и понатаму затворени.