Вести Свет

„Астра Зенека“ нова тема за расправија меѓу Брисел и Лондон

Вакцината Астра Зенека – нова тема за расправија меѓу Брисел и Лондон. Оксфордската вакцина која се произведува во Холандија Лидерите на ЕУ во четврток ќе одлучуваат дали да го забранат извозот на оксфродската вакцина во Обединетото Кралство.

ЕУ тврди дека од холандската фабрика за пороизводството на вакцината Астра Зенека, Велика Британија е најгоплемиот примател на производот со вкупно досега извезени  9,1 милиони дози. Додека ЕУ добива многу помалку од договореното, и поради тоа не може да го забрза темпото на вакцинација. Затоа, ЕК ќе го активира механизмот со кој се спречува извоз кон трети земји. Брисел порачува дека тоа го прави со добра причина.

Не станува збор за забрана на извозот на вакцини, туку да сме сигурни дека компаниите ги исполнуваат обврските кон земјите членки на ЕУ кои се опишани во договорите со нас. Ова се причините – договорите кои сме ги потпишале да се почитуваат. Во тој контекст, претседателката рече дека гледаме дека компаниите и производителите извезуваат многу што е добро, но сакаме да видиме реципроцитет и пропорционалност во извозот, порача портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Додека ЕУ земјите се обидуваат да ја забрзаат имунизацијата, речиси осум милиони вакцини од Астра Зенека стојат на залиха во 10-тина европски земји. Германија, Франција, Италија и уште неколку други привремено го прекинаа вакцинирањето со оваа вакцина откако се појавија извештаите за тромбоза и тромбоцитопенија кај луѓе кои ја примиле Астра Зенека.

Но, денеска излегоа резултатите од големото американско клиничко испитување во кое учествуваа 32 илјади испитаници од САД, Чиле и Перу. Се покажа дека  „АстраЗенека“е безбедна и високо ефикасна.

Значи, првичните резултати од испитувањето во фаза 3 во САД покажаа дека AZD1222 постигна статистички значајна ефикасност од 79% за спречување на симптоматска КОВИД-19 и е 100% ефикасна против запирање на тешка или критична болест и хоспитализација. Покажа слични резултати на ефикасност кај луѓе постари од 65 години, со ефикасност на вакцините од 80%, изјави Мене Пангалос, потпретседател на Астра Зенека.

Истражувањето покажало и дека згрутчувањето на крвта не е поврзано со оваа вакцина. Астра Зенека не е одобрена во САД, но од компанијата велат дека ако добијат зелено светло ќе можат да испорачаат 50 милиони дози. Во меѓувреме, Европа се уште чека на ветените дози.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе