Од утринава во 9 часот, ГТЦ и околните објекти останаа без вода поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Филип Втори“, пред хотелот „Холидеј Ин“. Според соопштението на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот требаше да го зафати и објектот на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, но од болницата информираат дека водоснабдувањето таму, сепак, е нормално.
Екипата на телевизија Телма беше на терен и виде дека работници со градежна механизација активно работат за решавање на проблемот. Од Водовод нè известија дека очекуваат секој момент дефектот да биде поправен и водата да се пушти.
Прекинато е снабдувањето на потегот од Собранието до „Холидеј Ин“, како и на улиците „Кеј 13-ти Ноември“, „Мирче Мацан“ и „Мирче Ацев“.
Тамара Марковска