Вести Македонија

Teпачка пред казино во Драчево

Обвинителството поведе постапка против тројца насилните на возраст од 35, 43 и 50 години кои барале малолетник да влезе во казино. Пред три дена, пред казино во Драчево, осомничени во група малтретирале и телесно повредиле вработен во казино.

Инцидентот се случил кога малолетникот сакал да влезе во казиното, а вработениот не го пуштил. По што малолетникот телефонски ги повикал останатите осомничени кои со два автомобили пристигнале пред казиното.

Најпрво му се заканиле на оштетениот со барање да го пушти детето да влезе или ќе го запалат казиното, а кога тој одбил, го опколиле и физички го нападнале, удирајќи го со бокс и нанесувајќи му телесни повреди.

Едниот од осомничените од возилото извадил дрвена мотка и почнал да замавнува кон оштетениот, кој се повлекол кон влезот на казиното. Случајни минувачи ги спречиле да продолжат со насилството. Обвинителството предлага мерки на претпазливост за осомничените. Во меѓу време пак во Бутел двајца браќа ограбиле казино, а вработениот им помагал во грабежот тежок еден и пол милион денари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе