Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се чека ЕМА да ги објави резултатите од второто истражување за вакцината Астра Зенека

/

Свет

Сподели преку :

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе ги објави резултатите од дополнителните истражувања на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека.

Голем број земји ја прекинаа употребата по смртните случаи и појавата на тромбоза и други проблеми со коагулација на крвта кај лицата што примиле вакцина на АстраЗенека.

Извршната директорка на ЕМА, Емер Кук претходно изјави нуспојавите се многу ретки меѓу милионите вакцинирани лица. Таа истакна дека  придобивките од АстраЗенека го надминуваат ризикот од несакани ефекти.

Доверба во вакцината на АстраЗенека изрази и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.