Топ вести

ЕК треба да го усвои предлогот за дигитален здравствен сертификат

Европската комисија  денеска треба да го усвои предлогот за воведување „дигитален здравствен сертификат“ за граѓаните на ЕУ кои патуваат во рамките на Унијата, што ќе содржи информации за тоа дали некое лице е вакцинирано со вакцина за коронавирус одобрена од Европската агенција за лекови, стекнал имунитет откако се опоравил од Ковид-19 или направил PCR-тест.

Тој „здравствен сертификат“, како што истакнаа претставници на ЕК, е наменет за граѓаните на земјите од ЕУ, а кога станува збор за патници од Западен Балкан и други делови на светот, Комисијата подоцна ќе разговара со Светската здравствена организација и со Организацијата за меѓународни цивилни летови  за тоа каки олеснувања може да се воведат и со примена на кои технички, интероперативни и меѓународни стандарди.

Претседателот на ЕК Урсула фон дер Лајен треба да ја објави одлуката на комесарот на ЕК за усвојување на законскиот предлог за „Зелен здравствен сертификат“ околу пладне, што треба значително да го олесни патувањето на граѓаните до јуни, особено економските активности и туризмот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

(ФОТО) Без доволно храна и вода, морето е единствено разладување за луѓето од Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе