Вести Свет Топ вести

Потопот на светските берзи, а Трамп со изјава царините се „прекрасна работа“

Во екот на потопот на светските берзи американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините се „прекрасна работа“.

  • „Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската Унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со Царините, што сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе на сила и тие се нешто прекрасно да се видат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
  • „Дефицитот со овие земји растеше за време на ’претседателството’ на заспаниот Џо Бајден. Ќе го свртиме тоа , и тоа многу БРЗО. Еден ден луѓето ќе сфатат дека царините се прекрасна работа за САД“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Да потсетиме, азиските берзи денеска остро паднаа, продлабочувајќи ја глобалната берзанска криза предизвикана од наметнувањето царини од страна на Трамп за речиси целиот свет, а тргувањето на јужнокорејската берза беше прекинато на пет минути бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановска: Собранието ги избира членовите за кандидати и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Поранешна директорка во ТЕЦ Неготино приведена во истрагата заедно со претседателката на Антикорупциска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе