Претседателот Доналд Трамп вчера ги удвои своите глобални царини, споредувајќи ја американската економија со „многу болен“ пациент кој излегол од операција. Според Трамп, царините им даваат голема моќ на САД да преговараат со другите нации за царините што ги наметнуваат на Америка.
Но, на прашањето дали е отворен за склучување договори, тој одговори кратко: „Зависи“.
Тој рече дека ќе размисли за договор во кој Кина одобрува продажба на „ТикТок“ во замена за одредено ослободување од американските тарифи. Она што е интересно е тоа што со тарифите на Трамп опфатени се речиси сите земји во светот, меѓу нив и Израел, но со нив сe заобиколени Русија и Северна Кореја со објаснување дека овие земји и сега се погодени од жестоки санкции.