Вести Свет Топ вести

(ВИДЕО) Експлодира автомобил од „флотата“ на Путин

Автомобил од „флотата на Путин“ експлодира во близина на седиштето на ФСБ во Москва.

Рускиот лидер наредил претрес на канализационата мрежа, пишуваат британските портали.

Снимките покажаа дека пожарот што избувнал во моторот на автомобилот се проширил и во внатрешноста на возилото, пишува британски „Сан“.

Работниците од околните ресторани и барови излегоа на улиците за да се обидат да помогнат пред да пристигнат противпожарните служби.

Снимките направени на терен покажуваат и дека има оштетувања и на задниот дел од автомобилот.

Извештаите за сега не откриваат кој го користел автомобилот – за кој се верува дека е во сопственост на претседателскиот оддел за управување со имотот на Путин – кога се случил инцидентот.

Засега нема известување за тоа што може да го предизвика ненадејниот пожар, но она што е познато е дека лицата кои се превезувале во возилото не се  повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Планот „А“ за Македонија останува – исполнување на уставните измени

Дејан Дејан

Во странство моментално се лекуваат 15 повредените од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Пратеничката група на „Вреди“ се подели на две и сега ќе брои девет пратеници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе