Ковид19 Свет Топ вести

Вучиќ: Еве јас ќе се вакцинарам со кинеската вакцина, значи нема ништо од дијалогот со Приштина

Во обраќање до граѓаните на Србија од Бахреин, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше последните најави од Европската унија, во врска со дискриминацијата на руските и кинеските вакцини во однос на дозволата за патување во ЕУ.

Според него најавата на ЕУ за воведување на ковид пасоши со одобрени вакцини од ЕУ е лоша и скандалозна одлука, спротивна на највисоките европски вредности.

„Зборуваат за слободата на движењето, сега за слободата на движењето никој не зборува, туку како да ја ограничиме. И тогаш уште нешто зборуваат па вие што вакциниравте, но не вакциниравте со наша дозвола па ќе видиме дали можеме некако да ви наштетиме. Не можат да кажат дека кинеската вакцина е полоша, зашто не е полоша, ниту од една од споменатите две вакцини кои се досега одобрени од трите во Европската медицинска агенција. Значи сите студии во Аби Даби покажуваат не само дека не е полоша, туку не сакам да кажам што друго“, изјави Вучиќ.

Јас мислам дека тоа е многу лошо. Јас прво не верувам дека тие можат да донесат таква одлука. Би било неразумно, но таа одлука има одлични страни за нас. Прво би ги прашал како без тој пасош ќе го примат еве унгарскиот премиер, кој се вакцинираше со кинеската вакцина. Еве јас ќе се вакцинарам со кинеската вакцина, посебно сега кога слушнав дека таква можност постои, не сакам да земам посебни тестови и не сакам да одам со врски во Брисел. Значи нема ништо од дијалогот со Приштина. Ако тое им е изборот јас немам ништо против. Но нека не се грижат овие нашите граѓани коишто ја примија кинеската вакцина, ќе им обезбедиме ние за 90 минути, ќе направиме лабораторија за 90 минути да можеме да им издадеме тестови и да можат да одат кај сакаат во Европа, изјави претседателот на Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе