Комерцијална банка на Уставен суд ќе ја оспорува одлуката на Народната банка со која привремено се забрани распределба и исплата на дивиденда на акционерите на банките. Иницијативата пред Уставен суд ја поднесува лично Хари Костов заедно со поголем број акционери во банката. Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорената не е во согласност со законот за НБРМ.
„Со донесувањето на оспорената Одлука, подносителите на иницијативата сметаат дека Советот ги пречекорил своите овластувања и надлежности утврдени со закон и дека таквата одлука во правната теорија и судската пракса се смета за ништовна“ – Комерцијална банка.
Тие бараат, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на оспорената Одлука до конечното одлучување по предметот.