Uncategorized Вести Свет

Мексиканската претседателка Шејнбаум најави реципрочни мерки за царините од САД

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум најави дека земјата ќе одговори на воведувањето царини од 25 отсто од САД за стоки кои доаѓаат од Мексико со воведување возвратни царини за стоки од САД, без да наведе детали.

Шајнбаум рече дека во недела ќе биде објавено на кои американски производи Мексико ќе воведе царини, а пред тоа најверојатно в четврток ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Нема никаков мотив, ниту причина, ниту оправдување што ја поддржува оваа одлука што ќе влијае на нашиот народ и нашата земја“, рече Шајнбаум.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви

Kristina Kuzmanovski

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Трамп: Би ми било „чест“ да се сретнам со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе