Работата на Собранието е блокирана, а денеска премиерот Заев најави и одржување на лидерска средба.
„Не сметам дека решението е во лидерска средба. Бидејќи собранието е институциј која треба да функционира надвор од други влијанија“, рече претседателот на Собранието на Сверна Македонија, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма.
Според него ако се раководиме од основниот постулат што е собранието, тоа е претставнички орган на граѓаните и во тој контекст пратениците се слободни во своите одлуки.
„За жал, вели Џафери, се воспостави пракса дека нештата им припаѓаат на политичките партии и затоа постои таа семантика. Но институциите не се партиски, ни сега ни предходно владата како институција не е на една партија и нејзините коалициони партнери, туку им припаѓа на граѓаните.“
Џафери е дециден дека владата има поддршка од парлементарното мнозинство.
„Собранието има 120 пратеници кои треба да учествуваат во работата на собранието независно дали се од власта или од опозицијата“, рече собранискиот спикер.
„Лидерска средба „да“ доколку има потреба за тоа, но работата на институцијата собрание е самостојна“, рече претседателот на Собранието на Сверна Македонија, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма.
Тој рече дека во собранието се одржуваат и вонредни координации кои работата на тоа да се надмине блокадата на собранието и со тоа да се отвори патот за донесување на околу 130 закони.