Свет Топ вести

Мeган и Хари обелоденија многу „гревови“ на кралското семејство

Историска исповед на Меган Маркл и Принцот Хари. По двочасовното интервју со Опра Винфри се дигна голема прашина и се обелоденија многу „гревови“ на кралското семејство. Меган со емотивно признение – размислував за самоубиство, моравме да побегнеме од Велика Британија со Хари за да си спасаме своите животи. Второ откритие кое одекна како бомба е фактот дека кралското семејство поради темната боја на на кожата на нивниот син не му била доделена титулата Приц, па и она дека Хари веќе некое време не разговата со неговиот татко.

  • Не сакаа тој да биде принц или принцеза, незнаејќи каков ќе биде полот, кој ќе се разликува од протоколот и нема да доби безбедност, рече Меган, војвотката од Сасекс. 
  • Што?, праша Опра Винфри.
  • Беше навистина тешко.
  • Како тоа мислите?
  • Не сакаа да добие заштита. Тоа се случуваше последните месеци од бременоста, каде одиме, чекај малку, вели Меган.

Водителката со темен тен Опра Винфри која бракот меѓу Меган и Хари го нарече меѓурасен, побара одговор на истото прашање и од војводата од Сасекс кој подоцна се вклучи во разговорот.

  • Меган сподели со нас дека со вас имало разговор за бојата на кожата на Арчи. Каков беше тој разговор? – Опра Винфри.
  • Тој разговор никогаш нема да го споделам, но во тоа време, во тоа време беше непријатно, бев помалку шокиран – Хари, војводата од Сасекс.
  • Можете ли да ни кажете какво беше прашањето?
  • Не не ми е пријатно тоа да го споделувам
  • Во ред
  • Но тоа беше одма на почетокот.
  • Па како ќе изгледа бебето?
  • Да како ќе изгледаат децата.

Додека се уште нема никаква реакција од Бекингамската палата, британската опозиција веќе бара истрага за наводите за расизам за кои, како што велат, нема никакви оправдувања.

  • Сигурна сум дека палатата многу внимателно ќе размисли за тоа и, секако, мислам дека луѓето  се прашуваат што ќе се каже, но никогаш нема никакво оправдување во какви било околности за расизам. И мислам дека е важно тоа да се истражи, ова се навистина шокантни обвинувања – Кејт Грин, пратени и секретар за образование во сенка.

Многу искрено и храбро е да се признае дека Меган се соочувала со психички проблеми, никој не ја слушал. 39-годишната Меган на Винфри и вели дека и било кажано дека не можат да и помогнат бидејќи не е плетен член на круната, но факт е дека не била спремна за да стане член на кралското семејство, оценуваат познавачите.

  • Мислам дека според некои одговори на Меган беше очигледно дека била страшно неподготвена за ова. Мислам, дека рече дека немала поим во што се впушта, очигледно дека ништо не прогуглала, не ја знаела ниту кралската химна – Кејти Никол, уредничка на кралството за магазинот „Венити фер“.

Парот, познат како војводата и војвотката од Сасекс, минатата година најавија дека ги напуштаат кралските должности. Раздвојувањето службено започна на почетокот на оваа година, а интервјуто полно со шокантни обвинувања е нивна прва прилика јавно да ја образложат својата одлука.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе