Ковид19 Свет

„КјурВак“ и „Новартис“ заеднички ќе произведуваат вакцина против коронавирус

Германската фармацевтска компанија „КјурВак“ го објави партнерството со швајцарската компанија „Новартис“ во заедничкото производство на вакцината против коронавирус, што досега самата ја развиваше, се наведува во соопштението на германската компанија објавено на нејзината Интернет страница.

„КјурВак“, која развива нова класа лекови врз база на рибонуклеинска киселина (mRNA) и „Новартис“ денеска објавија дека потпишале првичен договор за производство на вакцина против Ковид-19“, се наведува во соопштението.

Истовремено, германската компанија наведува дека веќе се во тек подготовките за почеток на производството, трансфер на технологија и тестирање.

По склучувањето на конечниот договор „Новартис“ има намера до крајот на 2021 година да произведе до 50 милиони дози од вакцината. Во 2022 година, како што е наведено во соопштението, швајцарската компанија планира да произведе до 200 милиони нови дози од вакцината. Се очекува испораките од нивната фабрика во австрискиот град Кундла да почнат во летото 2021 година.

-Задоволни сме што во „Новартис“ најдовме нов, многу искусен партнер за поддршка на производството на нашата вакцина. Заедно со „Новартис“ планираме значително да го зголемиме производниот капацитет и да ја прошириме нашата производна мрежа, рече Флоријан фон дер Мулбе, портпаролот на „КјурВак“.

Членот на извршниот комитет на „Новартис“, Стивен Ланг, истакна дека денеска нивната компанија „активно го зголемува својот капацитет за производство на mRNA, за на најдобар начин да ја задоволат зголемената побарувачка“.

Европската агенција за лекови (ЕМА)  на 12 февруари почна постепен преглед на вакцината пртоив коронавирус развиена од германската фармацевтска компанија „КјурВак“. Оваа одлука се темели на прелиминарните лабораториски резултати и раните фази од клиничките испитувања кај возрасните лица. Постепениот  преглед,  како што е наведено од ЕМА, ќе продолжи се додека не се добијат доволно податоци за издавање привремено одобрение за ставање на вакцината во употреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе