Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конгресот на САД го забрани „DeepSeek“

/

Свет

Сподели преку :

Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат кинеската апликација за вештачка интелигенција „DeepSeek“. Оваа информација ја пренесе американскиот портал „Axios“, повикувајќи се на известување испратено од главниот административен директор на Претставничкиот дом.

Во известувањето се наведува дека „DeepSeek“ во моментов е подложен на проверки од страна на надлежните. Појавата на евтин кинески модел за вештачка интелигенција ја загрози доминацијата на пазарот на американските лидери со вештачка интелигенција. Кинеската компанија за развој на вештачка интелигенција „DeepSeek“ објави отворена верзија на својот модел R1, кој привлече големо внимание во Силиконската долина, бидејќи напредниот модел по некои параметри е подобар од американските производи и во исто време е направен по значително пониска цена.

Денеска пак италијанската управа за заштита на податоци покрена истрага против кинескиот стартап за вештачка интелигенција, забранувајќи и да ги обработува податоците на италијанските корисници. Италијанскиот регулатор соопшти дека ја донел оваа одлука бидејќи добил „целосно несоодветни“ одговори од компанијата на нејзините прашања за употребата на лични податоци.

Италија ја забрани кинеската „DeepSeek“

Италијанската управа за заштита на податоци (ГПДП) денеска покрена истрага против кинескиот стартап за вештачка интелигенција DeepSeek, забранувајќи и да ги обработува податоците на италијанските корисници. Регулаторот рече дека ја донел оваа одлука бидејќи добил „целосно несоодветни“ одговори од компанијата на нејзините прашања за употребата на лични податоци. Администрацијата во вторникот објави дека ја прашале… Продолжи со читање

telma.com.mk