Економија Топ вести

Транспортерите со часови заглавени на граничниот премин Богородица-Евзони

Пролонгирање на испораките на стока, губење време и зголемени трошоци. Ова се само дел од забелешките на транспортерите коишто со часови остануваат заглавени на граничниот премин Богородица-Евзони. Во меѓупросторот се насобираат голем број домашни, но и странски транспортери.

Одлуката на грчките власти предвидува редукција во протокот, затворен премин во текот на ноќта но и тестирање на транспортерите. Ќе трае до 15 март

И Дурим Зекири од Северозападната комора смета дека ваквите одлуки се штетни и дека освен финансиски предизвикуваат и логистички отежнувања.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески испратил писма до претседателот на унијата на грчки комори, но и до премиерот Заев, прашањето за непречено движење на транспортерите да стане приоритет и тие да можат да се движат.

Азески вели дека за македонските компании солунското пристаниште има првостепено значење, како пристаниште кое е природен пат за пристигнување на стоката наменета за нашата земја и кое поради близината има пониски транспортни трошоци за превоз на стоките до Македонија во однос на другите пристаништа во соседните земји. Годишно, преку солунското пристаниште минуваат речиси 1 милион тони стока наменети за РСМ или од неа и транзитираат најмалку 25.000 контејнери зразени во TEU-единици.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе