Вести Свет Топ вести

Обвинет за тешки кривични дела – Франција издаде налог за апсење на Башар ал Асад

Француските истражни судии издадоа налог за апсење на соборениот сириски претседател Башар ал Асад поради сомнежи за учество во воени злосторства, особено за намерни напади врз цивили, изјави извор за „Ројтерс“.

Налогот е издаден на 20 јануари во рамки на истрагата за случајот Салах Абу Набур, француско-сириски државјанин, кој загина на 7 јуни во 2017 година во воздушен напад во Сирија.

Ова е втор налог за апсење на Асад што го издаваат француските судии, по оној во ноември во 2023 година.

Налогот следуваше по француската истрага за хемиски напади во Дума и дистриктот Источна Гута во август во 2013 година во кои загинаа над 1.000 луѓе.

Владата на Асад во минатото ги негираше обвинувањата за употреба на хемиско оружје против своите противници во граѓанската војна која изби во март во 2011 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе