Свет Топ вести

Милиони дози на „Астра Зенека“ стојат неискористени во европските земји

Милиони дози од вакцината на АстраЗенека стојат неискористени во европските земји, затоа што лицата од ризичните групи не сакаат да ја примат.

Откако Европската медицинска агенција ја одобри вакцината на АстраЗенека, германските здравствени власти препорачаа таа да не се употребува кај лица над 65 години, затоа што немало доволно податоци за нејзината ефикасност кај таа старосна група.

Слична препорака дадоа и властите во Франција, кои подоцна ја повлекоа откако и ЕМА соопшти дека испитувањата ја потврдиле нејзината ефикасност кај лицата над 65 години.

Пред почетокот на вакцинацијата, правејќи ги договорите со производителите, ЕК постави цел до почетокот на летото да бидат вакцинирани 70 проценти од популацијата на членките во Унијата. Проблемите со навремените испораки се добро познати, но и покрај тоа во Европа има доволно дози за да биде вакциниран далеку поголем процент од популацијата. Комисијата опстојува на тоа дека таа цел не е недостижна.

„Тоа е амбициозна цел, но достижна. Предвидливоста на испораките е клучна за ефикасна вакцинација, и заедно со земјите членки навистина работиме 24/7 и правиме се што можеме за да се осигуриме дека компаниите ќе ги исполнат нашите договори.“ – вели еврокомесарката за здравство и безбедност на храна, Стела Кирјакедес.

Додека тие проблеми околу навремената испорака се уште опстојуваат, здравствените власти во повеќе европски земји открија дека милиони дози од вакцината на Оксфорд и АстраЗенека стојат неискористени.

Франција соопшти дека од 1,7 милиони вакцини на АстраЗенека испорачани во земјата, искористени се само 273.000 дози. Над 1 милион неискористени дози има и во Германија, која доби 1,45 милиони а употребени се само 240.000. Дека европските жители навистина ја одбегнуваат вакцината на АстраЗенека посочува и фактот што компанијата испорача помалку од половина од договорената количина во Унијата а од тие дози не е искористена ниту една третина.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сабота во Градски парк настан на кампањата „Крени глас“ на Макпетрол – „Со позитивна енергија против врсничко насилство“

Дејан Дејан

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе