Ковид19 Најважни Свет

САД: Се заканува четврти бран на епидемијата поради новите мутации на коронавирусот

Ширењето на многу заразните мутации на коронавирусот се заканува да предизвика „потенцијален четврти бран на случаи“ во САД, предупреди директорката на американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски.

Валенски изрази загриженост поради најновите податоци за бројот на заболени од Ковид-19, нагласувајќи дека минатата недела на дневно ниво биле евидентирани околу 70.000 нови случаи, што, како што истакна, е многу голема бројка.

Во истиот период, дневно се регистрирани по 2.000 смртни случаи, додаде таа.

Валенски предупреди дека САД, со толку високо ниво на случаи и нови мутации на вирусот кои се шират, можат да ја изгубат тешко стекнатата предност во борбата против коронавирусот.

– Овие мутации претставуваат многу реална закана за нашиот народ и напредокот што го постигнавме, рече Валенски.

Во моментов кружат неколку различни мутации на Ковида-19, но здравствените експерти се особено загрижени поради некои од нив, како што се оние во Велика Британија, Јужноафриканската Република и Бразил, кои се чини дека се позаразни.

ЦДЦ предвидува дека многу заразниот вид Б. 1.1.7, првпат откриен во Велика Британија, ќе стане доминантен во САД овој месец.

Валенски оцени дека САД имаат можност да го запрат потенцијалниот четврти бран на случаи во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

Мицкоски на средба со Стармер во Тирана – Ќе има ли стратешки договор?

Дејан Дејан

И обвинетите и роднините незадоволни од пресудата за модуларната болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе