Вести Свет Топ вести

Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела на Ковид-19

Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон коронавирусот, а вакцинацијата е единствениот начин да се постигне имунитет на стадото, изјави Сумија Суминанатхан, главен истражувач во СЗО.

Во интервјуто, објавено на Твитер профилот на организацијата, Суминанатхан истакна дека СЗО ги следи студиите што ги анализираат жариштата на инфекцијата во некои градови низ светот. Иако истражувањата покажуваат дека понекогаш речиси половина од населението во големите, густо населени градови имаат антитела кон коронавирусот, ова не ни дозволува да зборуваме за постигнување имунитет на стадо.

– СЗО ги следи овие серо-епидемиолошки студии и ако ги погледнеме заедно, ќе видиме дека помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон вирусот, рече Суминанатхан.

Единствениот начин да се постигне имунитет на стадо во целиот свет е преку вакцинација, рече Суминанатхан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОН ќе евакуираат над 11.000 морнари заглавени во Ормутс

Дејан Дејан

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирање на игрите на среќа

Дејан Дејан

ВМРО ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе