Вести Свет

Изгоре куќата на синот на Бајден

Домот на Хантер Бајден, синот на претседателот на САД, Џо Бајден, бил уништен во катастрофалните пожари во Лос Анџелес, соопшти синоќа „Дејли мејл“.

Куќата се наоѓала во Пацифик Палисајдс, богата населба која најмногу настрада за време на катастрофалните пожари што со денови го пустошат овој дел од градот.

Според „Дејли мејл“ станува збор за куќа што вреди четири милони долари, со три спални соби, три бањи и панорамски поглед на океанот што Хантер Бајден ја изнајмувал за 15.800 долари месечно.

Претходно, по неговото пристигнување во Санта Моника, Калифорнија, каде денеска треба да биде информиран за последиците од пожарите, американскиот претседател Џо Бајден изјави, дека „не е сигурен за судбината на куќата на неговиот син“, но дека Хантер бил информиран дека е можно куќата да изгорела.

„Ова што се случува е неверојатно. Мојот син и неговата сопруга беа известени дека најверојатно нивниот дом е изгорен, но денеска изгледа дека можеби сè уште стои, иако не сум сигурен“ изјави Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Израелски рабин се заклучи во кафез 50 часа во знак на протест за заложниците во Газа

Дејан Дејан

Меѓупартиски судир на наративи: ВМРО-ДПМНЕ слави, СДСМ предупредува за економски пад и одлив на инвестиции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе