Вести Свет

Маск му одговори на Трудо со „девојко“

Американскиот милијардер Илон Маск му одговори на канадскиот премиер Џастин Трудо, кој на „Х“ претходно напиша дека „нема ни теоретска шанса“ Канада да стане дел од САД.

„Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада, така што не е важно што ќе кажеш“, му одговори Маск.

Канадскиот премиер во заминување ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

„Нема ни теоретска шанса Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“, напиша Трудо на „Х“.

Трудо претходно оваа недела најави дека ќе поднесе оставка од премиерската функција. Тој објасни дека ќе биде премиер додека не се избере нов лидер на Либералната партија, на датум што допрва треба да го одреди партијата. Тој побара работата на парламентот да се одложи до 24 март за да ѝ се даде време на партијата да најде нов лидер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе