Огромни снежни бури погодија повеќе сојузни држави во САД, а се очекува уште поголемо невреме. Вонредна состојба е прогласена во седум држави.
Илјадници летови се веќе одложени или откажани, отсечени се многу патишта и затворени се училишта како последица на невремето.
Се очекува времето да се стабилизира наредната недела. Во Европа со снежни врнежи е погодена Велика Британија и Германија каде се предзвикани сериозни проблеми.
Аеродромите во Ливерпул, Манчестер и Лидс беа затворени во ноќта меѓу сабота и недела, но сообраќајот постепено се враќа во нормала.