Вести Свет Топ вести

Лидерите на ЕУ се согласија да продолжат да работат на ковид-пасошите

Лидерите на Европска Унија синоќа се согласија да продолжат работат на сертификати за вакцините, со кои би се овозможил туризмот оваа лето.

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашниот Самит на ЕУ истакна дека техничката работа на така наречените ковид-пасоши би требало да заврши до лето, а некои земји, вклучително Франција и Белгија изразија загриженост дека олеснетото патување за вакцинираните луѓе би ги дискриминирало другите.

Лидерите на 27 земји-членки на Унијата потврдија дека ќе ги задржат „цврстите ограничувања“ на јавниот живот и слободното движење поради појавата на новите видови на вирусот.

– Мораме да се подготвиме дека ќе мораме континуирано да се вакцинираме подолг временски период поради новите видови на коронавирусот, посочи Меркел.

Исто така и претседателот на Франција, Емануел Макрон наведе дека ЕУ „долгорочно ќе мора да живее со овој вирус“.

Премиерот на Италија, Марио Драги побара поостар став на ЕУ кон фармацевтските компании кои доцнат во испораката на вакцини против Ковид-19.

Додека претседавачот со Самитот на ЕУ и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел побара „поголема предвидливост и транспарентност“ од фармацевтските компании кои не ги испорачаа договорените количини вакцини, поради што не може да се реализира целта – вакцинирање на 70 отсто од возрасното население до крајот на летото во ЕУ.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изрази уверување дека е можно постигнување на таквата цел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе