Вести Свет Топ вести

Нов лек против астма

По првпат во последниот половина век e откриен нов вид на терапија против напади на астма. Тоа е лекот „Бенрализумаб“, којшто, како што се истакнува, се покажал многу поделотворен од постојните лекови при лекување тешка астма и напади на т.н. хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), објавија научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија.

Лекот се инјектира кај пациентите, при што се смируваат деловите од имунолошкиот систем што се претерано иритирани при напад на астма или хронична опструктивна белодробна болест.

И лекарите и пациентите го поздравуваат новиот начин на лекување тешка астма и ХОББ, нарекувајќи го револуционерен, имајќи предвид дека ништо многу не се променило во оваа медицинска област последниве 50 години. Според стручњаците, „Бенрализумаб“ е поефикасен од стандардната терапија и ја намалува потребата за натамошно лекување за 30 отсто.

Клиничките испитувања покажаа дека пациентите со астма или ХОББ, на кои им бил инјектиран лекот, имаат многу помала веројатност да доживеат отежнато дишење и други симптоми на болеста до четири недели по земањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе