Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека локдаунот во земјата постепено ќе се ослеснува, односно тоа ќе се одвива во четири чекори со минимум пет недели помеѓу секој чекор.
На 8-ми март сите ученици пстепено се враќаат во училиштата и како и сите студенти. Од учениците во средните училишта ќе се бара да носат маски на час, но така што тие нема да почнат со работа пред 21 јуни.
– Заканата сè уште е присутна, но можеме да преземеме чекори поради успехот на нашето здравство кое вакцинираше повеќе од 17,5 милиони луѓе низ Велика Британија, рече Џонсон.
Што се однесува до Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се дел од Велика Британија, останува на локалните власти да утврдат како и кога да ги ублажат ограничувачките мерки.
На 29-ти март собирите се ограничуваат на најмногу шест лица или две домаќинства. Ќе бидат отворени и спортските објекти како и тениски терени и кошаркарски терени и базени.
Британците кои можат да работат од дома ќе останат во своите домови додека владата не ги утврди правилата за физичко растојание и употреба на маски на работа, додаде Џонсон.
Не порано од 12-ти април отворени ќе бидат фризерниците, козметичките салони, како и библиотеките и музеите.
На погребите останува ограничувањето за присуство до 30 лица, а свадби со најмногу 15 лица.