Свет

Дипломати: ЕУ треба да воведе забрана за патување и замрзнување на имотите на сојузниците на Путин

Европската унија во март треба да воведе забрана за патување и да ги замрзне имотите на сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин, изјавија дипломати.

Како што пренесуваат странските агенции, санкциите, како одговор на затворањето на главниот домашен критичар на Путин, Алексеј Навални, може да биат наметнати според новата рамка на ЕУ усвоена во декември, што му овозможува на европскиот блок да преземе мерки против оние кои ги кршат човековите права низ целиот свет.

– Очекувам да бидат применети дополнителни санкции пред ЕУ самитот во март, рече висок дипломат на ЕУ, осврнувајќи се на собирот на 27 лидери на европскиот блок во Брисел на 25. и 26 март. Министрите за надворешни работи на ЕУ се состанаа на 22 март.

На вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ беше изразена широка поддршка за санкциите, така што и Шведска, Германија, Франција, Полска и балтичките земји повикаа на забрана за патување и замрзнување на имотот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Откорнати дрвја, оштетени покриви, повредени луѓе, ветрот урна кран на улица – силно невреме во Белград

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на европското Јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе