Свет Топ вести

Српската православна црква бира нов патријарх

Српската православна црква ќе почне денеска со постапка за избор на нов поглавар, 46-от патријарх, откако претходниот Иринеј почина од последици на Ковид-19

Седницата на Саборот, наместо во зградата на Патријаршијата, како што беше досега, ќе се одржи, како што објави Српската православна црква, во криптата на Храмот Свети Сава на Врачар во Белград. Причината за преместувањето на местото на состанокот не беше официјално објавена, а јавноста спекулираше дека тоа се должи на пандемија.

Во соопштение, СПЦ наведе дека присуството на медиумите на настанот не е предвидено и дека по завршувањето на седницата ќе биде издадено официјално соопштение.

Дел од локалните медиуми претходно јавија дека е предложено учесниците на изборниот Сабор, наместо во патријаршиската куќа, да отседнат во белградскиот хотел „Хилтон“ во близина на еден од централните белградски плоштади Славија, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Засаега никој од Српската православна црква не ја потврди или негираше таа информација.

Според последниот попис од 2011 година, 84,59 проценти од населението во Србија изјавиле дека припаѓаат на православната вероисповед.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе