Вести Свет

ЕУ загрижена за новите мутации од корона вирусот

Европската унија е загрижена за новите мутации од корона вирусот кои се шират во Европа, и светот. Засега актуелните вакцини го создаваат потребниот имунолошки одговор и кон новите видови од инфекцијата, сепак вирусот ќе продолжи да се развива и мутира. За да биде на врвот од задачата, ЕУ почнува  програма за проучување на мутациите и производство на вакцини од „втора генерација“ против идните мутации. Програмата „ХЕРА инкубатор“, треба да ги обедини фармацевтската индустрија, лабораториите, здравствените власти и истражувачите.

Целта е да се искористи нашата комбинирана моќ за да бидеме пред растот на кривата за следната фаза на вирусот, од раната детекција на новите варијанти се до крајот, до рапидното масовно производство, ако е потребно, доколку одобриме, второ ниво или втора генерација на вакцини, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. 

Фон дер Лајен вели дека досега ЕУ ја научила лекцијата од доцнењето на вакцините, односно од неможноста на производителите да постигнат со масовното производство.  ХЕРА инкубаторот ќе ги секвенционира мутациите на вирусот, ќе се фикусира на истражувањето, на клиничките истражувања, на забрзување на одобрување на вакцината, и забрзување на производството на новите вакцини, но и на актуелните. 75 милиони евра ќе бидат распределени во земјите членки со цел да развиваат специјални тестови за новите варијатни.

Во меѓувреме, земјите регистрираат се повеќе мутации на корона вирусот, посебно британскиот сој што го зголемува и трендот на заболени.

Податоците кажуваат дека варијантите од вирусот се шират низ Германија, посебно не загрижува видот од корона вирусот кој беше детектиран во Британија. Во изминативе две недели, овој вид се раширил од 6% на над 22%, соопшти министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан. 

Засега вакцините делуваат и на новте мутации. Тие се произведени да ги кодираат спајк протеините од корона вирусот, и да го стимулираат имуниот систем. Научниците објаснуваат дека искуството со грипот,  покажува дека вакцините мора да менуваат секоја сезона за да останат делотворни. Во согласност со тоа, и вакцината против ковид 19 , во иднина ќе мора да се прилагодува.

Алиса Шутниноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе