Ураганот „Милтон“ го погоди западниот брег на Флорида, предизвикувајќи загриженост за огромно уништување. И покрај драматичните предупредувања за евакуација од властите, многу жители останаа во своите домови.
Според американскиот центар за урагани, „Милтон“ пристигна на копно околу 20:30 часот по локално време, како ураган од трета категорија… Ветерот достигна брзина од речиси 200 километри на час, заедно со екстремно количество врнежи од дожд.
Голем број жители, особено од најпогодените области, не се евакуираа иако властите постојано предупредуваа на животна опасност за оние кои остануваат во загрозените зони.
Ситуацијата продолжува да се развива, а граѓаните се подготвуваат за последиците од овој силен ураган. Налетот на „Милтон“, донесе прекин во снабдувањето со електричната енергија, особено во регионот околу Сарасота на западниот брег на Флорида.
Надлежните се надеваат дека тој ќе продолжи да слабее и откако ќе ја премине Флорида од запад кон исток, ќе се пресели во Атлантикот. Допрва се очекува да бидат направени првичните проценки на штетите.












