Свет

Адвокатите на Трамп почнаа со одбраната во процесот за отповикување

Адвокатите на Доналд Трамп почнаа со одбрана, тврдејќи дека поранешниот претседател не треба да биде осуден во Сенатот за крвавиот напад на неговите приврзаници врз Капитол минатиот месец и го нарекоа процесот на отповикување „политичка одмазда“ од демократите.

Одбраната ќе трае околу четири часа.

Адвокатите на Трамп велат дека тој не ги поттикнал немирите на 6 јануари во кои загинаа пет лица, вклучувајќи и еден полицаец. Тие рекоа дека неговото право на говор е заштитено со Уставот на САД и дека обвинителите не успеале директно да ги поврзат постапките на демопнстрантите со поранешниот претседател.

Процесот на отповикување пред Сенатот е неправеден и јасно неуставен чин на политичка одмазда. Тоа е политички мотивиран лов на вештерки, започнат од демократите, рече адвокатот Мајкл ван дер Вен во воведниот збор.

Убедени дека Доналд Трамп повторно ќе го стори истото кога ќе се врати на власт, демократските обвинители вчера ги повикаа американските сенатори да спречат поранешниот претседател да се кандидира повторно поради „поттикнување“ на неговите приврзаници да го нападнат Капитол.

Трамп уште од претседателските избори во ноември тврди дека Бајден го победил со измама, а неговите приврзаници упаднаа во Капитол додека се чекаше потврдата за победата на демократите, одложена за неколку часа во врска со немирите.

Ван дер Вин рече дека поентата на обраќањето на Трамп пред приврзаниците е дека демократските процеси мора да го почитуваат словото на законот.

Ова не се зборови на некој што поттикнува насилен бунт, потенцира тој.

Две третини од сенаторите треба да гласаат за осуда на Трамп, што значи дека 17 републиканци треба да им се придружат на демократите, што е малку веројатно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе