Возрасната граница за каридоваскуларни заболувања се намалува, а причина за тоа се темпото и начинот на живот. Срцето е мал, но моќен орган и центар на животот и треба да се грижиме за него, порачаа кардиолозите, и апелираа на што порано доаѓање на лекар бидејќи чекањето може да биде фатално.
Дел од пациентите со нивниот успешен третман на Клиниката изразија задоволство што нормално функционираат и ги надминале здравствените потешкотии поврзани со срцето.
Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија во Скопје денеска го одбележија Светскиот ден на срцето со активност за потпишување на национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје.
Симона Петровска













