Над 50 експеерти од 22 европски земји ќе дискутираат за актуелната состојба во рамки на 23. Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите кој се одржува во Охрид.
Појавата на оваа болест не само во Европа, туку и во светски рамки нанесе големи штети на свињарството и ги дестабилизираше пазарите за свинско месо. Според првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Миланов за сега состојбата во Македонија е стабилна и таа во континуитет се следи.
Во однос на Македонија состојбата кај питомата популација на свињи е стабилна по појавата на првото жариште во делчевско во јануари во 2022 година. Последниот евидентиран случај е минатиот месец во пехчевското село Панчарево утврден при нелегално отстранување на угината домашна свиња. Годинава евидентирани се три жаришта на болеста кај две некомерцијални одгледувалишта и последниот случај во пехчевско Панчарево каде заштитните мерки се уште се на сила, информира Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство.
Во 2022 годдина кога се појави болеста беа евидентирани 43 жаришта. Во меѓувреме се работи на подигање на свеста кај сточарите за оваа болест преку соодветно информирање, вели Миланов.
АХВ во изминатиов период одржа неколку состаноци заедно со Ветеринарниот факултет, како и со одгледувачите, сточарите, ветеринарните друштва, имаме соработка и со Министерството за внатрешни работи за нелегален увоз на животни и Меморандум кој следниот период ќе биде потпишан со Министерството за одбрана, вели Миланов.
На дводневниот состанок, ќе учествуваат високи претставници на Европската комисија (ЕК), на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH) и реномирани експерти за болеста африканска чума кај свињите и претставници од ветеринарните служби.
Нина Стефанова













