Вести Свет

ЕУ го одложи планот за вакцинација против Ковид-19

Европската унија го пролонгира предвидениот датум за вакцинација против Ковид-19 за три месеци, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Целта на Унијата сега е да вакцинира 70 отсто од возрасната популација до крајот на летото, наместо до почетокот, истакна Фон дер Лајен во Европскиот парламент.

Таа призна дека ЕУ „доцнела со одобрувањето на вакцините и била премногу оптимистична во врска со масовното производство и благовремените испораки“.

Коментирајќи ги препирките со производителите на вакцини поради доцнењето на испораките, Фон дер Лајен истакна дека ЕУ „ги потценила проблемите во производството“, бидејќи „не е можно преку ноќ да се спроведе масовно производство“.

Таа додаде дека „немаме намера да ги ограничуваме компаниите кои ги почитуваат договорите на производителите на вакцини со ЕУ“, потсетувајќи ги производителите дека Унијата инсистира на својот дел.

– Борбата против коронавирусот е маратон, а не спринт, заклучи Фон дер Лајен.

Европската унија, со 450 милиони жители, потпиша договори со шест компании – Фајзер/БиоНТек, Модерна, АстраЗенека, КјурВак, Џонсон и Џонсон, Санофи/ГлаксоСмитКлајн, за купување на околу 2,3 милијарди дози вакцини.

Минатиот месец АстраЗенека и Фајзер/БиоНТек беа критикувани поради најавите за одложување на испораката на вакцини, а највисоките претставници на ЕУ тврдат дека Унијата дала финансиски придонес во нивните истражувања, како гаранција за приоритетен пристап до вакцините.

Како резултат на тоа, Европската комисија воведе механизам за транспарентност и одобрување на вакцините против Ковид-19 произведени во земјите на ЕУ.

Според новите правила, пред да го одобрат извозот на вакцини против коронавирусот, земјите членки треба да ја известат Европската комисија дали компанијата завршила навремена испорака внатре во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе