Германија, Шведска и Полска протераа по еден руски дипломат како реципрочна мерка за протерувањето на нивни дипломати од Москва минатата недела поради учество во протестите за поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
– Федералното Министерство за надворешни работи денеска прогласи вработен во руската Амбасада во Берлин за персона нон грата, соопшти германското министерство. Во соопштението се вели дека германскиот дипломат само си ја извршувал својата задача – известување за случувањата од лице место.
Владите на Шведска и Полска со слични соопштенија.
Шведска ја обавести Русија дека ќе бара еден од службениците во амбасадата да ја напушти земјата. Шведската министерка за надворешни работи Ан Линде на Твитер објави дека станува збор за одговор на „неприфатливата одлука“ на Русија која протера еден шведски дипломат, кој само си ја обавуваше должноста.
После Шведска, и Полска побара еден од руските конзулати во Познањ да ја напуштат Полска, како одговор на протерувањето на рускиот дипломат во петокот, соопшти на Твитер полското министерство за надворешни работи. Одлука е согласно принципот на реципроцитет и во координација од Германија и Шведска, соопшти министерството.
Руското министерство за надворешни работи потезите на Германија, Полска и Шведска ги нарече „неправедни и непријателски“, велат дека овие три земји протерале тројца руски дипломати во знак на одмазда поради минатонеделните одлуки на Русија за протерување на тројца ЕУ дипломати.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Германија одбила да и пружи помош на Русија за било какви информации околу испитувањата кои ги направија германските експерти во врска со шипето вода од кое Навални се отру. Русија нема достапност ниту до токсичните испитувања, ниту пак до стручњаците кои ги направиле испитувањата.
Во напната и непријатна атмосфера помина и посетата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на Москва. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека Брисел е виновен за уништување на односите меѓу Русија и ЕУ, а тој со Боерел разговарал за важноста на градењето на односи на системска основа, урнати уште во 2014 година.
Од друга страна, Борел, на својот блог синоќа отворено вели дека раговорите биле многу напнати и дека некои пораки од руски официјални лица покажуваат дека Европа и Русија се оддалечуваат.
Дебата во Брисел продолжува околу тоа колку беше ноепходна посетата на Борел на Москва, европратеникот Рихо Терас покрена дури и кампања со која Борел се повикува да си поднесе оставка.
Но ЕК објави дека не жали што Борел отиде во прва посета на Русија како координатор на надворешната политика на ЕУ, бидејќи Русија беше на пат кон конфронтација која Брисел настојуваше да ја избегне.
Билјана Ставрова