Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети во соопштението од Обвинителството, а би било во ред да бидат идентификувани со име и презиме, вели бизнисменот и поранешен мнозински акционер на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски во писмена изјава објавена на Фејсбук профилот.
„После шестмесечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели. Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката. Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка“, напиша Костовски.