Над сто луѓе се загинати, и десетици исчезнати откако дел од глечер на Хималаите се откачил и погодил брана во Индија. Уништената брана предизвикала отпуштање на водата која го поплавила блиското село. Голем дел од жителите се евакуирани, но локалните власти стравуваат од многу жртви.
Сведоци на хаваријата велат дека гледале како ѕид од прашина, камења и вода, како лавина се урнал во реката. Велат дека се се случило многу брзо и немало време никој да биде информиран.
Се стравува дека загинале и дел од луѓето кои работеле на изградбата на блиската хидроцентрала, откако спасувачите соопштија дека во тунелот има затрупано 17 луѓе. Дел од работниците се спасени, а владата соопшти дека се подготвува за поголема спасувачка акција.