Вести Економија

Бектеши: Кон почетокот на следната недела ќе ги промовираме мерките

Министерот за економија Крешник Бектеши верува дека следната недела ќе биде објавен новиот петти антикризен пакет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

Во емисијата „Вин-Вин“ , министерот најави дека до понеделник ќе се направи уште една консултација со стопанските комори и со синдикатите со цел да се прецизираат предлог-мерките.

– Утре имаме уште еден состанок во склоп на Владата. Убеден сум дека кон почетокот на следната недела ќе ги промовираме мерките. Во текот на наредните денови до понеделник ќе имаме дополнително состанок со стопанските комори и со синдикатите. Ќе ги разгледаме уште еднаш нивните коментари на нашите предлози кои се донесени во консултација со различни засегнати страни, рече Бектеши.

Тој се надева дека мерките од петтиот пакет, како и претходните ќе ги дадат очекуваните резултати и ќе бидат насочени кон поддршка на граѓаните и на компаниите.

Во однос на злоупотребата со финансиската поддршка за плати што се прави од страна на компаниите, а за што денеска на прес-конференција информираше и директорката на Управата за јавни приходи, министерот Бектеши е со став дека оние компании кои ги злоупотребиле парите, нема да добијат повеќе помош од страна на државата.

– Тоа сум го барал и во Владата и јавно кажувам дека треба да ставиме критериуми – компаниите кои се објавени од страна на УЈП, да не можат да аплицираат за да добијат помош, а ако треба, за нивните вработени ќе се грижи државата, рече Бектеши во вечерашното гостување на Телма телевизија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе