Ковид19 Свет

Руската вакцина со ефикасност од 92% во тестирањето – без смртни случаи и тешки болести кај вакцинираните

Руската вакцина против коронавирусот дава заштита околу 92% против Ковид-19, потврдуваат резултатите објавени во престижното медицинско списание Лансет.

Вакцината исто така е безбедна и обезбедува целосна заштита против хоспитализациите и смртниот исход од болеста.

Руската вакцина во западните земји и медиуми беше пречекана со резерви, затоа што нејзината употреба започна пред објавување на конечните податоци од фазата на тестирање.

Но сега научниците потврдуваат дека ефикасноста на руската вакцина е неспорна.

Лансет потврдува и дека нема сериозни реакции поврзани со вакцината во текот на тестирањето, освен ретки слаби реакции.

Во вакцинираната група, нема ниту еден смртен случај ниту пак сериозна болест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Пукотници на уличен фестивал во Охајо – 20 повредени лица, од кои двајца се во критична состојба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе