Економија

Тутунопроизводителите се жалат – најкастрофален откуп во последните 20 години

На  20 работни дена пред крајниот рок, Иницијативниот одбор на тутунопроизводителите го  прогласи овој откуп за најлошо организиран досега.

Откупени се над  16 илјади од вкупно 23 илјади тони  тутун  со склучени договори, или 75 проценти од родот. За преземање чекаат и околу 4 илјади тони  вишок на тутун, кои компаниите ветија дека ќе го преземат иако нема договори за него.

Но, производителите се жалат дека наместо да ја зголемуваат, откупните комании ја намалуваат динамиката за  преземање на родот,  поради што  се сомневаат дека откупот ќе заврши во законскиот рок, до крајот на февруари, а не се задоволни ниту од проценките и ниските откупни цени.

-Со денови чекаат, ги враќаат од вагите, не можат да дојдат до ваги, се прават списоцои без редослед, по партиска основа, по пријателска основа, некој дава пари под рака само да дојде на ред да го предаде тутунот. Покатастофален, полош организиран откуп никогаш немало во државата последните 20 години. Секогаш имало 4,5 години со лош квалитет, но ораганизацијата на откупот не било никогаш на вакво ниво, вели Игор Мирчески од ИО на тутунопроизводителите.

Најпроблематично  е во Долненскиот крај, каде има производство од  9000 тони, а досега се откупени само 35 проценти.

-Наместо да се зголеми динамиката, за жал се намалува. Работното време на откупните пунктови почнува во 11 завршува во 15 часови. Имаат наредби од директорите да откупуваат по 3000 килогреми и  велат тутун за денес не ни треба, вели Еџевит Ајдароски, тутонопроизводител од Долнени.

-Општина Долнени, катастрофален откуп. Најголема Општина каде се произведува тутун. Точно  е, има проблем со проценката на квалитетот, но не е до таму дојдена работата да таму оди тутунот од  100-120 денари, вели Игор Миречески, од ИО.

Иницијативниот одбор бара во Собранието да се расправа за состојбите со тутунот,  средствата од  петтиот пакет мерки за тутунарите да бидат  по килограм предаден тутун,  останува и  барањето за 100 денари субвенции за сите класи, а најавија и дека формираат здружение на тутунопроизводителите.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Tреба да се радуваме да имаме Дата центри“ – вели првиот регулатор Ристов во интервју за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Првиот регулатор со предлог – банките, фондовите, фирмите да инвестираат во Чебрен, наместо да купуваат станови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе