Вести Свет Топ вести

ЕУ и АстраЗенека договорија испорачување на дополнителни 9 милиони дози на вакцината

ЕУ и АстраЗенека постигнаа договор фармацевстката компанија да ја зголеми доставата на вакцини со дополнителни 9 милиони дози кои би ги испорачала до март. ЕК комисија се соочи со голем притисок од страна на земјите членки поради неуспешниот почеток на заедничката програма за вакцинација, координирана од Брисел, и постигнувањето на договорот со Британско-Шведската компанија, претседателката Урсула Фон Дер Лајен го оцени како чекор во вистинска насока. Но дури и со дополнителните дози од АстраЗенека, компанијата ќе испорача само половина од договорената количина за првиот квартал од годината. Претходно и Фајзер Бионтек, првиот и најголем доставувач на вакцини против Ковид-19 соопшти дека нема да може да ги испорача договорените количини поради проширување на производствените капацитети во фабриката во Пурс, Белгија.

Соочени со недостаток на вакцини многу европски земји ја прекинаа или ја одложија вакцинацијата, поради што комисијата повеќе пати јавно ги повика компаниите да си ги исполнат обврските од договорите, побара од белгиските власти да извршат инспекција во фабриките на АстраЗенека и Фајзер Бионтек, и на крај воведе контрола на извозот на вакцини произведени во ЕУ. Последната мерка на Брисел во обид да ги принуди компаниите да испорачаат повеќе вакцини, предизвика нов проблем во односите со Велика Британија, затоа што предвидуваше воведување гранични контроли на границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска. Токму ова беше најголемиот проблем за решавање во преговорите за Брегзит и потегот на комисија на островот беше оценет како чин на агресија. Соочени со жестоките реакции од Обединетото Кралство, ЕК се откажа од воведувањето контроли на границата меѓу двете Ирски. Покрај тоа комисијата се обиде да ја принуди АстраЗенека недостатокот на вакцини да го надомести преку фабриката во Британија но британската влада и на ова жестоко се спротистави.

Договорот со АстраЗенека ќе го олабави притисокот врз комсијата, дополнително што и Фајзер Бионтек денеска преку соопштение гарантираше дека ќе ги достави договорените количини за првиот квартал и ќе испорача дополнителни 75 милиони дози во вториот квартал. Но и покрај тоа, остануваат отворени прашањата за тоа како потпишувањето на договорите за снабдување и процесите за одобрување на вакцините, заостануваат толку многу зад другите богати нации, како Велика Британија и Израел, кое веќе вакцинираа значитлеен процент од своето население.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе