Вести Свет Топ вести

Бајден е позитивен на Коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот за Ковид-19, потврди Белата куќа, откако тој присуствуваше на настан во Лас Вегас каде што требаше да одржи говор.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер го објави позитивниот тест за 81-годишниот Бајден, откако претседателот на Унидос, организација за граѓански права во Латинска Америка, рече дека Бајден нема да може да зборува на закажаниот настан поради дијагнозата.

Белата куќа тврди дека Бајден има благи респираторни проблеми и дека се враќа од Лас Вегас во Делавер, каде ќе биде ставен во изолација.

Тој е вакциниран и стимулиран и има благи симптоми, изјави Жан-Пјер. Докторот на Бајден пак соопшти дека тој ја примил и првата доза на лекот Паксловид, антиковид медикамент од производителот „Фајзер“, која е првиот орален антивирусен лек против таа болест одобрен и во Европската унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе