Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гори на тешко пристапен планински терен

/

Македонија

Сподели преку :

Петти ден беснее пожарот на планината Серта во штипскиот дел, од земја го гаснат пожарникари, припадниците на Армијата и војската и вработени на останатите институции, а од воздух во неготинскиот дел на Серта дејствуваат македонскиoт и турскиот хеликоптер.

Кризниот штаб на Штип утринава побара поддршка од воздух за жариштата над селото Драгоево, длабоко во планината и на ридот Штракалево, кој е меѓу Драгоево и полигонот Пенуш.

Но, зоната околу полигонот Пенуш е забранета за месното население, по неа се движат само војската и пожарникарите, бидејќи има неиспукана муниција.

Во секој момент  во штипскиот дел на Серта се очекува да делуваат петте македонски и турски ер трактори.

Утринава над селата Селце и Драгоево беше тивко, огнот не може да се види, бидејќи е длабоко во планината и низ доловите. Жителите велат дека е страшно да си во близина на пожар.

Ванчо Ѓоргиев од штипското село Лесковица, вели дека во тој дел на планината можат да видат како хеликоптерите го гасната пожарот од воздух.

Во неготинскиот дел активен е пожарот од Криволак кон Штип, потоа меѓу селата Калањево и Брусник.

Ангелов  информира дека пожарите на планината Серта имаат линија долга 30 километри, каде што има и најмалку 20 тешки жаришта.

Викторија Јованова

Jumbo 2