Ковид19 Најважни Свет

Германија пред одлука за забрана за патување од таканаречените „области со мутација“

Земјите-членки на ЕУ договорија стандардизација, односно уедначеност на сертификатите за вакцинација. „Интероперабилните сертификати за вакцинација ќе бидат важна алатка за граѓаните за време на пандемијата, но и по нејзиното надминување“, соопшти Европската комисијата. Но не се дискутирало за тоа сертификатите како медицински документ да може да се употребуваат како патни исправи.

Пропадна уште еде обид за договор меѓу Европската унија и компанијата „AстраЗенека“ за одложената испорака на вакцини, иако компанијата беше авансирана.

Германскиот министер за внатрешни работи рече се надева дека владата во петок ќе донесе одлука за забрана за патување од таканаречените „области со мутација“ каде што се откриени нови варијанти на коронавирус што побрзо се шири. На листата засега се се Португалија, Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.

Основната одлука е дека не сакаме никаков транспорт, влез од области на мутацијата. И сега повторно разгледуваме од гледна точка на пропорционалноста, кои исклучоци се неопходни – Хорст Зехофер, германски министер за внатрешни работи.

Во истовреме „Фајзер/Бионтек“ тврдат дека нивната вакцина е ефикасна и против британската и јужноафриканската мутациите на коронавирусот и дека за сега нема потреба од нова вакцина. Додека во Европа се води битка за вакцини, Русија објави дека веќе се вакцинирани повеќе од два миолиони граѓани, а ефикансноста на Спутник 5 се проценува на повеќе од 98%.

Јапонија сама ќќе произведе 90 милиони дози вакцини од британско-шведската компанија „АстраЗенека“, ако пораќа 120 милиони, недостатокот ќе се обезбедува со узов. Се поизвесно е дека ќе пропаднат напорите на владата да го вакцинира мнозинството од населението пред Олимписките игри во Токио во јули.

Пожелно е многу луѓе да се вакцинираат и да имаат позитивни придобивки, но ние разговаравме за претпоставката дека игрите може да се одржуваат без вакцини. На тој начин ќе ги решиме прашањата – Тоширо Муто, извршен директор на Токио 2020 година.

Тимот на Светската здравствена организација денеска излезе од карантин во кинескиот град Вухан и ја почна теренската работа во мисија на утврдување на фактите за потеклото на коронавирусот што ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Но, кинеските власти бараат да не се политизира потеклото на коронавирусот.

Во последните 24 часа во светот од Ковид-19 почонаа 18.000 луѓе.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе