Свет

Конте му ја предаде оставката на претседателот на Италија

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска ја предаде оставката до шефот на државата, отворајќи го патот за формални консултации за надминување на политичката криза, соопшти кабинетот на претседателот.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела утре попладне ќе почне консултации со политичките лидери, се вели во соопштението и се додава дека од Конте било побарано да остане на таа позиција во техничко својство додека продолжуваат преговорите.

Конте минатата недела го загуби апсолутното мнозинство во горниот дом на Парламентот, Сенатот, откако пратениците од коалицијата Италија Вива, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, поднесоа оставки незадоволни од тоа како Владата ја решава кризата со коронавирусот и економската рецесија.

Напорите на Конте да ги доведе центристичките и независните сенатори во коалицијата за да се пополни празнината што ја остави Ренци беа неуспешни, па на премиерот не му преостана ништо друго освен да поднесе оставка и официјално да отвори владина криза што ќе му даде повеќе време да постигне договор.

Ако Матарела смета дека Конте би можел да ја добие потребната поддршка за формирање нова влада, ќе му даде рок од неколку дена да се обиде да го финализира договорот и да формира нов кабинет.

Меѓутоа, ако не успее, Матарела ќе мора да излезе со алтернативен кандидат за кого смета дека е способен да формира коалиција што ќе функционира. Во случај сите опции да паднат во вода, ќе мора да распише предвремени избори, но тоа според аналитичарите е малку веројатно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Една година од масакрот во „Рибникар“, колони луѓе им оддадоа почит на жртвите

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе