Вести Свет

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Украина доби 1,9 милијарди евра безусловна финансиска помош од ЕУ, што придонесува за одржување на макроекономската стабилност и финансирање на приоритетните буџетски потреби, соопшти украинското Министерство за финансии.

„Државниот буџет на Украина доби транша од безусловно финансирање во износ од 1,9 милијарди евра од Европската унија. Средствата беа обезбедени од финансиски инструменти на ЕУ од фондот за Украина“, се наведува во извештајот, пренесен од украинскиот медиум УНН.

Исто така е соопштено дека Украина ќе ги добива следните транши на квартална основа, под услов да се исполнат индикаторите дефинирани во планот за Украина

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе