Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Веили во кинеската автономна ујгурска провинција Ксинџијанг, соопшти Кинескиот центар за земјотреси (CENC).
Земјотресот се случил на длабочина од 20 километри, јавува агенцијата Ксинхуа.
Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.