Свет Топ тема

Етна еруптира лава и пепел до 100 метри во височина

Се разбуди најголемиот и највисок активен вулкан во Европа, Етна, објавија италијанските медиуми. Лавата од Етна еруптираше во два крака, по што првата се упати кон долината Бове, а втората се излеа во северниот дел на кратерот на вулканот.

Ерупцијата на лавата, проследена со облак пепел, кој достигна висина од неколку стотици метри, беше спектакуларна, изјавија очевидци, пишува британски Експрес.

Вулканската пепел ги покри автомобилите во селата на Сицилија, откако југоисточниот кратер на вулканот исфрли вжарена лава.

Локалните власти известија дека црн пепел е пронајден и на места на дваесетина километри од Етна.

Ерупцијата беше видлива и од градот Таормина, оддалечен педесетина километри.

Експрес потсетува дека на Бадник 2018 година, поради ерупцијата на Етна, во прекин беше воздушниот сообраќај, и дека четири дена после тоа, земјотрес со јачина од 4,9 степени, со епицентар во близина на градот Катанија, го потресе островот. Тогаш, четири лица беа повредени, а неколку згради беа оштетени.

Првиот запишан доказ за ерупцијата на Етна, вулкан висок 3.300 метри, датира од 425 година п.н.е., и иако ерупциите се чести, тие ретко предизвикуваат голема штета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе